Љама и Јаневски загубија во квалификациите на „Белградски победник 2019“

Јасин Љама и Гоце Јанески се поразени на првиот натпреварувачки ден на меѓународниот турнир „Белградски победник 2019“ во Србија.

Во категоријата до 60 килограми, Јасин Љама загуби на поени од турскиот боксер Хакан Доган. Љама одлично се бореше, беше рамноправен но пресуди искуството на репрезентативецот на Турција.

Вториот наш претставник, неколкукратниот победник на „Златен гонг“, Гоце Јанески, во категоријата до 69 килограми, загуби од Јарослав Самофалов од Украина со прекин односно технички нокаут пред крајот на првата рунда.

Денес настапува Арсим Етеми во категоријата до 75 килограми, а за противник го има Ван Дер Пас-Макс од Холандија.