• Горан Упале
Легендарниот американски боксер Флојд Мејведер повторно го привлече вниманието на јавноста, откако изнесе шокантни тврдења дека поради две одделни ситуации останал без вкупно 550 милиони долари.
Непоразениот боксер откри дека човек на кого му верувал и кого го сметал за пријател наводно го оштетил за дури 200 милиони долари.
„Тоа е човек кој седеше покрај мене, се преправаше дека ми е пријател и ми помагаше околу деловните работи. А потоа ми украде 200 милиони долари“, изјави Мејведер.
Дополнителните 350 милиони долари, според неговата верзија, се поврзани со договорот што го имал со телевизиската куќа „Шоутајм“. Мејведер тврди дека парите што требало да бидат исплатени на неговата компанија „Мејведер промоушнс“, односно директно нему, биле префрлени на туѓа сметка.
Сепак, засега нема потврда дека станува збор за докажана кражба, па неговите изјави остануваат непотврдени обвинувања. И покрај огромната сума за која тврди дека е оштетен, Американецот продолжува да живее луксузно и да заработува од егзибициски боксерски настапи.