Легендарниот „Роки“ до Тајсон: Најдобар на сите времиња, уживај во борбата

Легендарниот холивудски актер, Силвестер Сталоне, му посака среќа на Мајк Тајсон во борбата против Џејк Пол и изрази голема поддршка за 58-годишниот боксер. 

Сталоне срдечно го поздрави својот пријател и посака да има успешна борба од која ќе излезе како победник, со желба да ужива во мечот и да покаже зошто е најголем во историјата. 

„Го знам Мајк од деновите кога ја освои првата титула во кариерата, тој е убедливо најсилниот „супермен“ кога се работти за интензитетот на ударот. За мене е најдобар на сите времиња, му посакувам да ужива во борбата и да излезе како победник“, рече Сталоне. 

Иако имаше мали здравствени проблеми, „челичниот Мајк“ ќе влезе во рингот со далеку помладиот Џејк Пол. Борбата ќе се одржи ноќта помеѓу 15 и 16 ноември, со почеток околу 05:00 часот.