Легендарниот Мани Пакјао замина во боксерска пензија!

Легендарниот Мани Пакјао ја заврши својата боксерска кариера на 42-годишна возраст.

Големиот шампион од Филипините му кажа збогум на спортот во кој оствари неверојатни успеси. Го запиша своето име во историјата како единствен боксер со титула во четири различни декади и победа во осум различни категории.

Кариерата ја започна во далечната 1995 година. На првата борба запиша победа и најави дека ќе биде еден од најдобрите на сите времиња во годините кои доаѓаат.

Конечниот скор на Пакјао гласи 68 победи, осум порази и две нерешени борби.