Легендарниот боксер Леон Спинкс хоспитализиран, се бори за својот живот

Легендарниот шампион во бокс во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за живот и се наоѓа во болница. Деталите за болеста не се познати, а семејството беше дискретно околу информации поврзани со Спинкс.

„Од сите фанови бараме да пратат молитви за мојот сопруг Леон, за да може да ги надмине пречките кои се пред него“, напиша неговата сопруга Бренда на социјалните мрежи.

66-годишниот Спинкс е легенда на благородната вештина. Тој ја освои светската титула, победувајќи го Мухамед Али на поени по 15 рунди во 1978 година. ВБА и ВБЦ појасите ги загуби трофеите од Али во повторениот меч. Во 1981 година загуби во нова борба за титулата од Лери Холмс. Спинкс се пензионира со скор 26-3-17 и влезе во „Куќата на славните“.

Како резултат на ударите кои ги добивал во главата во текот на боксерската кариера, Спинкс страдаше од намалување на мозочната маса.