Легедарниот боксер Мате Парлов добива улица во Белград

Славниот југословенски боксер Мате Парлов добива улица во населбата Звездара во Белград, во знак на почит на неговите спортски успеси.

Дел од „Бежаниска улица“ во населбата Звездара ќе го носи името на легендарниот боксер. Иницијативата за Парлов да добие улица пристигна по предлог на заменик-градоначалникот Горан Весиќ кога Белград беше домаќин на Светското првенство во бокс.

Парлов беше светски првак во аматерски бокс во 1974 година во Хавана, а во 1971 и 1973 година стана европски првак во Мадрид и Белград. Неговиот најголем спортски успех беше златниот медал за Југославија на Летните Олимписки Игри во Минхен во 1972 година.

Мате Парлов, кој беше роден во 1948 година во Сплит и ја носеше титулата најдобар хрватски спортист на 20-тиот век, почина во 2008 година на 59-годишна возраст во хрватскиот град Пула по тешко боледување.