Лама загуби во мечот за бронзата, македонскиот боксер бесен на судиите

Еден од најдобрите македонски боксери Јасин Лама загуби од Романецот Георге и остана без медал на Балканското првенство во Анталија. Освојувачот на „Златниот гонг“ оваа година беше бесен по завршувањето на борбата и не ја прифати одлуката на судиите.

Вчера Арсим Етеми загуби од Бирол Ајгун од Турција, а Гоце Јанески го совлада Србинот Филип Џиниќ со 3-2 и обезбеди бронзен медал.

Со еден медал и уште две одлични постигнувања, македонските боксери зад себе оставаат одлично Балканско првенство.