Лама поразен на стартот од турнирот „Странџа“ во Софија

Единствениот македонски боксер на Интернационалниот турнир „Странџа“ во Софија, Јасин Лама загуби со судиска одлука од норвешкиот репрезентативец Мартин Скогхејм во категоријата до 63 килограми.

Судиите му доделија едногласна победа на Скогхејм со 5-0 (30-27, 29-28, 30-27, 30-27, 30-27).

Лама добро се борел, на моменти бил подобар од противникот, но тоа не било доволно за подвиг со одлука на судиите,

На „Странџа“ учествуваат боксери од 34 држави во светот, 126 во машка конкуренција и 69 во женска.