• Зоран Мишевски
Се доближува Светското првенство во бокс, во главниот град на Србија, Белград. Mакедонските боксери Јасин Лама (-60 кг.) и Арсим Етеми (-80 кг.), заедно со тренерот Руждија Калач веќе отпатуваа во Белград ,каде што ќе се подготвуваат до почетокот на Светското сениорско првенство.
Беше предвидено на Светско првенство да настапи и Горјан Славевски, но тој се откажа од учеството за да се посвети на професионалната кариера.
Најголемиот боксерски настан годинава ќе се одржи од 24 октомври до 9 ноември. На Светското првенство ќе настапат 650 боксери во 13 категории од 105 земји.