Куманово беше домаќин на меѓународен бокс турнир во чест на Мирослав Петровиќ

Во Куманово се одржа вториот меѓународен боксерски турнир во чест на тренерската легенда Мирослав Петровиќ. Во организација на бокс клубот Куманово 84 и општината, се одржа турнир на кој учествуваа боксери од Македонија, Бугарија, Србија и Косово. 

На турнирот присуствуваа десетте најпознати имиња од Балканот, поранешни олимписки, светски и европски прваци. Освен натпреварите, жирито од познати боксерски асови одреди најдобри натпреварувачи.

За МВП на турнирот е одбран Орхан Јашаров од Куманово 84, најдобар македонски боксер е избран Еди Насуфи од БК Синди. За најборбен пар на турнирот беа одбрани Арсим Етеми и Ремзо Мустафиќ, најмлад боксер беше Фурхан Јашаров од Куманово 84, најдобар тренер Ѓорѓи Шамулев од БК Пирин (Бугарија), додека најдобар судија беше Радмила Симевска.