Кубанецот Ла Круз со судни маки и на поени го победи Нијазамбетот за златен медал

Кубанецот Хулио Цезар ла Круз е нов олимписки победник во бокс во категоријата до 81 килограм. Ла Круз го совлада Нијазимбетов од Казахстан по драматична борба и со одлука на судиите. 

Феноменалниот Ла Круз е главен кандидат за трофејот „Вал Баркер“, кој го добива боксерот кој оставил најдобар впечаток на цел олимписки турнир во благородната вештина. 

Матју Албер Даниел Бодерлик од Франција и Џошуа Буатси Велика Британија ги освоија бронзените медали, откако загубија во полуфиналните борби.