Куба ја укина 60-годишната забрана за професионалниот бокс

Револуционерна одлука за спортот во Куба. Боксерите од оваа земја се слободни да се натпреваруваат на професионално ниво за првпат од 1962 година.

Националната боксерска федерација ја укина 60-годишната забрана откако постигна договор со организаторот на „Златен ринг“, промотивно шоу кое ќе се одржи на 20 мај во Мексико. Во шоуто се очекува да учествуваат олимписките шампиони од Токио, Хулио Сезар Ла Круз, Арлен Лопез, Рониел Иглесијас и Енди Круз.

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро, во 1962 година донесе забрана за професионален спорт. И покрај оваа забрана, во Куба се создадоа добри услови за развој на спортот, помеѓу нив еден од најпознатите е боксот. Кубанските боксери и тренери се меѓу најдобрите во светот.