ВИДЕО: „Кралот“ на колена - Џошуа со ТЕХНИЧКИ НОКАУТ со сруши Кличко

Долго најавуваниот и очекуван бокс спектакл на „Вембли“ во Лондон пред 90.000 гледачи помеѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа вечерва донесе голема борба, драма и тотално владеење со благородната вештина од страна на Ентони Џошуа кој ги обедини сите титули, победувајќи го Владимир Кличко со технички нокаут во 11. рунда. Џошуа стигна до 19. победа од исто толку борби и потврди дека максимално спремен дојде за борбата на годината.

Борбата започна со испитување на силите и наизменични удари. Прв се закани Џошуа кој со десно кроше го растресе Кличко во главата. Окото на Кличко беше скоро затворено, но се бореше и понатаму. Во петтата рунда ударите на Кличко станаа преголем залак за некогашниот свој спаринг партнер. Во шестата, Британецот заврши на подот по еден силен аперкат на Кличко. Џошуа пак застана на нозе, но со борбата неколку рунди доминираше Владимир Кличко. 

Следеа рунди на обострани закани, удари, но не и целосна иницијатива на некој од боксерите. Но, затоа во 11. рунда Џошуа сервираше серија на чисти удари и по вторпат Кличко се најде на подот.

На една минута од крајот на претпоследната рунда Кличко пак го допре подот и со серија на удари Џошуа го торпедираше својот ривал, принудувајќи го судијата на една рунда до крајот да ја прекине борбата. Така, со технички нокаут Ентони Џошуа ја одбрани својата ИБФ титулата и ги додаде слободните ВБА-супер и ИБО појаси.

Кличко со оглед на возраста тешко дека повторно ќе има шанса да се бори на ова ниво. Меѓу Бугарунот Пулев или Тајсон Фјури веројатно ќе се бара следниот противник за светската титула на Ентони Џошуа.