• Зоран Мишевски
Почетокот на годината најавува бурна бокс-сезона. „Кралот на циганите“ не може без рингот и извесно е неговото враќање. Тајсон Фјури потврди дека ќе се врати на рингот, точно дванаесет месеци откако се пензионираше од боксот.
37-годишниот Британец е поранешен светски шампион во тешка категорија. Тој се пензионираше минатиот јануари по вториот пораз од Александар Усик во многу тесна борба. Фјури навести можно враќање со објави од тренинг на социјалните мрежи за време на празниците, а во неделата официјално потврди дека повторно ќе се бори оваа година.
„Бев отсутен некое време, но сега се вратив. Имам 37 години и сè уште можам да удрам. Нема ништо подобро од тоа да удираш луѓе во лице и да бидеш платен за тоа“, напиша Фјури на Инстаграм.
Дали Фјури ќе ги вкрсти ракавиците својот долгогодишен ривал Ентони Џошуа останува голема дилема.