ВИДЕО: Крафорд на „валкан начин“ стигна до победа против Кан

Американецот Теренс Крафорд го победи Амир Кан од Велика Британија со нокаут во шестата рунда.

Мечот го одбележа „нискиот удар“ на американскиот боксер, по кој борбата беше прекината. До тој момент, Фергусон водеше со 49-45, 50-44 и 49-45 според судиските резултати, па неговиот противник за да се надева на победа мораше да размислува само на нокаут.

„Почувствував голема болка во стомакот и нозете. Не можев да мрдам. Немаше поента да земам пет минути пауза, бидејќи не можев да продолжам. Не сум некој што се откажува, но ударот беше под појасот и јас не можев да го издржам“ , рече британскиот боксер по поразот.

Крафорд ја задржа титулата во ВБО дивизијата и остана непоразен по судирот во „Медисон Сквер Гарден“.