• Горан Упале
Еден од најголемите боксери во историјата на Италија, Анџело Ротоли, ја загуби најважната битка во својот живот и синоќа почина на 61-годишна возраст, пишуваат италијанските медиуми.
Легендарниот боксер не успеа да го совлада коронавирусот и почина во болница во Бегмано, по само две седмици откако поради истиот вирус животот го загуби неговата мајка и брат.
#Coronavirus, il pugile Angelo #Rottoli è morto a 61 anni https://t.co/NFUVxBIRRX
— Tuttosport (@tuttosport) March 29, 2020
Во својата богата кариера, Ротоли забележа 30 победи, три порази и две нерешени борби, од 35 борби, а најголемиот успех го имаше во 1987 година, кога стана европски шампион и го грабна ВБЦ појасот.