Коронавирусот причина за откажувањето на „Златен Гонг 2020“

Лоши вести за сите боксерски фанови во нашата држава соопшти Управниот одбор на боксерската федерација на Македонија.

Коронавирусот ги натера челниците на федерацијата да донесат одлука и да го откажат одржувањето на 50-тото јубилејно издание на „Златен Гонг“.

„Нашата цел беше оваа години да го организираме „Златен Гонг“ достојно, со квалитетни боксери од Европа и светот, согласно јубилејот на 5о издание. Невозможно е во ваква ситуација на светска пандемија да се организира ваков важен настан, за жал принудени сме да го одложиме за следната година, и други големи спортски собири оваа година се одложени за следната поради пандемијата на коронавирусот, тоа беше случај Олимписките игри, сметам дека ова е исправна одлука, оваа спортска манифестација заслужува организација и квалитет за јубилејот на високо ниво“, изјави претседателот на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски.

Ова е трето откажување на боксерскиот спектакл во неговата историја, по оние во 1988 и 1997 година.