• Зоран Мишевски
Познатиот германски боксер, со босански потекло, Аднан Чатиќ, во Германија попознат како Феликс Штурм осуден е на тригодишна затворска казна. Овој 47-годишник го загуби спорот во Келн и мора да мине 36 месеци во затвор заради затајување на еден милион евра данок.
Чатиќ затајувал данок од 2008 до 2010 година и 2013 година, а ослободен е од обвинувањата во 2011 и 2012 година. Боксерот беше уапсен во април 2019 година и беше ослободен по осум месеци притвор. Во петнаесетгодишната кариера меѓу 2001 и 2016 година, во Германија попознат како Штурм, боксерот запиша 46 победи од 49 борби и ниту еден пораз. Тој запиша три нерешени борби, а 40 победи извојувал со нокаут.
Чатиќ повеќепати ја носеше титулата светски шампион во супер-средна категорија.