Конечно имаме потпис: Фјури и Џошуа ќе влезат во ринг и ќе заработат по 100 милиони фунти!

Фјури Џошуа

Боксерскиот свет конечно ќе има можност да го види толку очекуваното соочување на британските шампиони Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Двата боксерски великани потпишаа богат договор кој вклучува две борби и кој ќе го надмине оној меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакјао. Деталите беа финализирани пред неколку дена, кога од двете страни беше потпишан толку очекуваниот договор.

Саудиска Арабија е фаворит да биде домаќин на првата борба. Фановите можат да очекуваат вкрстување на ракавиците меѓу Фјури и Џошуа во јуни или јули оваа година.

Боксерите се очекува да инкасираат неверојатни 100 милиони фунти, откако ќе го исполнат договореното. Боксерскиот свет ќе има можност да го круниса апсолутниот „крал“ во тешка категорија во наредните две години.

Ова ќе биде една од најголемите борби на сите времиња и настан број еден во светски рамки оваа година.