Конечно договорен датумот за спектаклот меѓу Фјури и Џошуа

Џошуа Фјури

Ова лето се очекува да се одржи една од најголемите борби на сите времиња. Британските шампиони Ентони Џошуа и Тајсон Фјури конечно ќе влезат во рингот на 14 август.

Местото на одржување на боксерскиот спектакл ќе биде Саудиска Арабија. Планот е да се изгради нов стадион кој ќе има капацитет од 18.000 места.

Џошуа ќе ги ризикува ВБО, ВБА и ИБФ појасите во судирот со својот сонародник, кој на маса ќе го стави својот ВБЦ шампионски појас.

Еден од нив на крајот ќе испише историја, бидејќи ниту еден тешкаш во историјата не бил сопственик на четирите шампионски појаси.