• Сашо Поповски
Тајсон Фјури го задржа ВБЦ шампионскиот појас со последната победа на Дилиан Вајт на „Вембли“ пред повеќе од 94.000 гледачи.
Предизвикувачот падна по шест рунди, кога доби аперкат од актуелниот шампион од кој не можеше навреме да се опорави. Судијата беше приморан да ја прекине борбата, на големо одушевување на публиката на култниот стадион.
Заработката на Фјури е откриена за јавноста неколку дена по спектаклот. Тој инкасирал 33 милиони долари, а неговиот противник дома си заминал со 7,4 милиони долари.
По борбата „кралот на циганите“ најави пензија, бидејќи како што изјави смета дека нема што повеќе да постигне во боксерскиот ринг. Многумина веруваат дека тој би се вратил за евентуален судир со Ентони Џошуа.