• Горан Упале

Мајк Тајсон важи за еден од најголемите, ако не и најголем боксер на сите времиња. Неговата боксерска ера беше неверојатна, беше „убиец“ во рингот, а иако повеќе од десет години не фатил ракавица во рака, пред неколку дена повторно ја одушеви јавноста, откако се појави видео како тренира.
Причината за враќањето на тренинзите на Тајсон е неговата желба повторно да застане во рингот, но на хуманитарни борби. „Челичниот Мајк“ ги остави без зборови своите фанови, откако покажа дека сè уште е ѕвер. По неколку дена од објавеното видео, американските новинари стапија во контакт со Рафаел Кордеиро, човекот кој ги држеше фокусерите додека Тајсон удираше.
„Не знаев што да очекувам, затоа што Мајк повеќе од десет години не тренира. Бев изненаден од неговата брзина и сила. Удираше како да има 21 година. Кога првпат видов како неговата десница доаѓа кон мене ми прелета животот. Ја видов мојата сопруга, децата...“, рече Кордеиро.
Trainer Rafael Cordeiro tells @ArielHelwani he saw his life flash before his eyes while holding mitts for Mike Tyson pic.twitter.com/pxDM4DdGZW
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) May 5, 2020
Инаку, Кордеиро е познат ММА тренер, а во следниот период ќе работи со 53-годишниот екс-боксерски шампион.