Кличко: Возраста е само бројка, ќе му го покажам тоа и на Џошуа во рингот!

Боксерот Владимир Кличко испрати отворена порака до 13 години помладиот Британец, Ентони Џошуа против кого ќе боксува на 29 април на „Вембли“. Неколку месеци пред борбата Кличко ќе наполни 41 година и многумина сметаат дека кариерата веќе му го достигна лимитот и наскоро ќе започне да се движи во надолна линија. 

„Возраста е само бројка. Прашањето е како ќе изгледам на рингот со 41 година. Проблем ли е тоа? Јас се чувствувам одлично и ќе го видите тоа и вие и Џошуа во рингот. Толку долга пауза во 26-годишната кариера никогаш сум немал. Одлучив да се вратам и да ги освoјам титулите”, изјави Кличко за британските медиуми.

Украинецот кај бубмејкерите важи за фаворит, иако многу работи можат да се сменат до крајот на април следната година.