• Зоран Мишевски

По поразот со технички нокаут во 11. рунда, Владимир Кличко му ја честита победата на помладиот Ентони Џошуа. Двајцата некогаш беа спаринг партнери, конкретно Британецoт на повозрасниот Украинец, но сега ученикот го порази учителот и големиот Кличко го призна поразот.
„Денес мислам дека победи подобриот боксер. Бев блиску, верував дека можам да го победам, но не успеав. Тоа е боксот, видовте што се случи. Џошуа се врати по шестата рунда и имаше енергија за уште неколку одлични рунди. Окото ми е во ред, максимално бев спремен, дојдов во ТОП форма, но морам да му честитам на Ентони. Секако дека мојата цел е да продолжам со боксот, но не можам да ви кажам ништо вечерва за тоа“, истакна по поразот Кличко.
Бокс спектаклот во Лондон е најскапата борба во светот на боксот во последните неколку години, а веројатно покрак 90.000 гледачи на „Вембли“ ќе собори и рекорд на гледаност крај малите екрани.