Кличко: Имам уште неколку големи борби пред пензионирање

Легендарниот украински боксер во тешка категорија Владимир Кличко планира да боксува уште неколку големи, спектакуларни борни пред да стави крај на кариерата

„Ќе бидам во рингот за уште неколку големи борби. Не сум размислувал за напуштање, пензионирање, па дури ни по поразот од Тајсон Фјури. Можам да се борам и здрав сум, па ќе продолжам да се натпреварувам уште неколку години”, рече Кличко.

Последната борба Владимир Кличко ја имаше во ноември минатата година и најави враќање меѓу четирите јажиња во март следната година.