• Зоран Мишевски

Британскиот тешкаш Ентони Џошуа ќе објави крај на кариерата доколку во претстојната борба загуби од Американецот Џермејн Френклин.
Џошуа се враќа на рингот во сабота навечер во Лондон, по двата последователни порази од Украинецот Олександр Усик. Британецот на прес-конференцијата пред борбата рече дека ќе се пензионира доколку доживее трет последователен пораз.
„Ќе се пензионирам ако загубам.Ако луѓето сакаат да се пензионирам, ќе се пензионирам.
Нема да се борам ако луѓето не го сакаат тоа. Не се работи за пари, туку за конкурентот во тебе. Притисокот доаѓа со работата. Кога ќе се пензионирам, ќе бидам мирен.
Ме ставивте под голем притисок и кога ќе завршам, канџите ќе паднат. Ќе се смеам и ќе уживам во животот“, изјави Џошуа.
Последната победа на Џошуа датира од декември 2020 година.