„Ќе го победам Мајк Тајсон во улична тепачка“

Чак Лидл, легендата на УФЦ, во интервју за американските медиуми истакна дека ќе го победи Мајк Тајсон ако двајцата влезат во улична тепачка.

Лидл и Тајсон доминираа во своите спортови, едниот во УФЦ, а другиот во боксот. Лидл доби прашање за „челичниот Мајк“, а еве што одговори:

„Ако дојде до улична тепачка, јас ке победам. Тајсон има шанси само ако дојде до момент да ме удри. Или да ме начека при влез. Но, што и да се случи друго, јас ќе победам“, изјави Лидл.

49-годишниот Лидл доминираше во октагонот, а последен пат се бореше во 2018 година. На спротивната страна, Тајсон е во пензија уште од 2005 година.