• Зоран Мишевски
Младиот боксер Али Аземи доби покана од националната репрезентација да се приклучи кон подготовките за следните меѓународни предизвици. Аземи првите настапи со националниот дрес ќе ги има на 8 ноември на меѓународниот турнир во бокс „Златен гонг“ во Скопје.
За Аземи следува и Балканското првенство во бокс, ќе се одржи на 12 декември во турското летовалиште Анталија.
Инаку, кичевчанецот Али Аземи боксува во категоријата до 81 килограми.