• Горан Упале
Женскиот боксерски турнир во категоријата до 66 килограми донесе голема скандал. Во центарот на вниманието беше Иман Келиф, алжирската боксерка која на минатото Светско првенство го падна ДНК тестот, кој покажа дека има машки хормони.
И покрај тоа, 25-годишната Келиф доби дозвола за настап во Париз, а дуелот против италијанската боксерка Анџела Карини го доби по само 46 секунди. Италијанката реши да се повлече и го предаде мечот, несакајќи да боксува против маж. Сепак, последните информации од Париз велат дека Келиф, сепак, е женско и сите обвинувања кон неа се неосновани. Поради тоа Карини се реши јавно да ѝ се извини на Келиф за нејзиниот неспортски потег во рингот.
„Сета оваа контроверзност секако ме растажи, а исто така ми беше жал за мојата противничка. Таа немаше никаква врска со неа. И таа како мене беше тука само да се бори.
Ѝ се извинувам нејзе и на сите. Бев лута, бидејќи моите Олимпидки игри пропаднаа. Немам ништо против Келиф, напротив, ако се сретнам со неа повторно, би ја прегрнала“, рече Карини.
По суспензијата во 2023 година, Келиф првично се жалеше до Судот за спортска арбитража во Лозана, но тужбата подоцна беше повлечена.