Келиф по златниот медал: Се родив како жена, се натпреварував како – жена!

Олимписката шампионка во бокс во категоријата до 66 килограми, Имане Келиф, на достоен начин ја прославува титулата, станувајќи првата Африканка со толку висока чест и покрај нападите врз неа.

„Бев цел на напади и жестока кампања и ова беше најдобриот одговор што можев да го дадам. Одговорот е секогаш во рингот. Јас сум силна жена со посебни вештини. Од рингот испратив порака до сите кои беа против мене. Јас сум жена како другите. Се родив како жена, како жена пораснав, како жена се натпреварував", кажа Келиф.

Полемиката околу Имане Келиф започна по нејзиниот прв меч во Париз, на кој Италијанката Карини се повлече од првата минута. Потоа се потсети дека Келиф била дисквалификувана од последното светско првенство од страна на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА), бидејќи паднала на тестот за пол, без да прецизира точно за каков тест станува збор.

Девојката е од скромниот алжирски град Тијарет, кој се наоѓа во речиси пустински регион. Потекнува од конзервативно семејство и татко и не сакаше таа да се занимава со бокс, но денес тој е нејзин најголем фан и ја смета за „хероина на Алжир“.