ВИДЕО: Кел Брук во спектакуларна борба ја одбрани ИБФ титулата

Овој викенд љубителите на боксот немаа можност да уживаат во некоја борба во тешка категорија, а во центарот на вниманието беше борбата за ИБФ појасот меѓу Кел Брук и Кевин Бизера. 

Во оваа борба која се одржа во Шефилд, Брук во петтата минута успеа да го нокаутира Канаѓанецот и да ја одбрани титулата во велтер категорија. 

Погледнете со каков асортиман на удари Британецот го нокаутира својот противник.