Казахстанецот Головкин ќе го предизвика Флојд Мејведер

Генади Головкин, непоразениот казахтански борец со ВБА, ВБЦ, ИБФ и ИБО појасите во средна категорија, веројатно ќе биде следниот предизвикувач на Флојд Мејведер Јуниор во борба за титулата. 

Головкин има скор од 36 победи, од кои 33 со нокаут, а на 18 март ќе се соочи со Даниел Џејкобс.

„30 дена пред борбата имам околу 75 килограми, ќе се спуштам до 70 килограми само за да дојде до борба со Флојд би се спуштил на 70. Тоа би било борба од сништата, а и зборував со него минатата година. Сега веќе се уморив од тој разговор, не го почитувам, тој е себичен и верувам дека ќе го победам“, смета Казахстанецот.

И покрај импозантниот скор, сепак ако дојде до таа борба Головкин би бил аутсајдер против Мејведер според бубмејкерите.