• Сашо Поповски

Канело Алварез го доби третиот судир со Генади Головкин, со едногласна одлука на судиите, во боксерскиот спектакл кој се одржа во Лас Вегас.
Едниот од судиите пресуди 116-112 во корист на Мексиканецот, а останатите двајца му ја доделија победата со 115-113. Со тоа 32-годишникот ги задржа своите појаси во супер средна категорија.
Искусниот Казахстанец немаше одговор на брзината на својот помлад противник. На крај, големите ривали по пет години се прегрнаа во рингот и ставија убав крај на оваа боксерска трилогија.
Алварез по борбата изјави дека ќе мора да прави итна операција на левата рака. Скршеницата му прави проблем, па оперативниот зафат ќе му овозможи да продолжи да доминира во иднина.