ВИДЕО: Канело и Плант се степаа на прес-конференција, Американецот заработи посекотина

Канело

Најавата за борбата меѓу Канело Алварез и Кејлеб Плант донесе тепачка меѓу боксерите на последната прес-конференција.

Мексиканецот прв падна под притисокот и го турна својот противник, по размената на зборови. Следуваше одговор од американскиот боксер, кој тргна да го удира, а на крај доби мала повреда на лицето.

Тензичниот момент беше спречен од присутните лица, членови на двата тима. Потоа боксерите продолжија со обраќање кон јавноста и најавија спектакл на шести ноември во Лас Вегас.