ВИДЕО: Канело го нокаутира Ковалев во 11. рунда и стигна до нов појас

Живата легенда на светскиот бокс Канело Алварез ја освои осмата светска титула, во четврта различна дивизија.

Мексиканецот со нокаут го победи Русинот Сергеј Ковалев и го заврши мечот во 11. рунда. Публиката во „МГМ Арена“ во Лас Вегас на моменти беше незадоволна од борбата, но на крај го поздрави трпеливото надмудрување на двајцата борци.

Алварез се искачи две тежински категории погоре за да стигне до овој појас во полутешка дивизија.

Сите очекуваат дека мексиканскиот боксер во следната борба ќе ги вкрсти ракавиците со Генади Головкин, против кого има една победа и еден пораз.