ВИДЕО: Кан се врати во рингот и за 40 секунди го нокаутира Ло Греко

Британецот Амир Кан по две години се врати во рингот и го нокаутира својот противник, Фил ло Греко во Ливерпул пред исполнети трибини и многу негови приврзаници. Некогашниот светски шампион во лесна-велтер категорија првпат пат се појави во рингот по 2016 година, но делуваше како постојано да е присутен и физички спремен за најголемите предизвици. 

Кан го реши победникот по само 40 секунди и го испрати противникот на подот. По борбата истакна дека се чувствува моќно и едвај чека нова борба.