Како од 170 килограми до топ-форма: Тајсон открива што исфрли од своето мени

Мајк Тајсон важеше за еден од најмоќните боксери во рингот, но по неговото пензионирање се соочуваше со многу проблеми и поради лошите животни навики достигна тежина од 170 килограми. 

Сепак, на негова среќа навреме се „разбуди“ од зимскиот сон и успеа да се справи со обезноста и за краток период „стопи“ 63 килограми. 

Сето тоа му успеа со напорни тренинзи, но и со начинот на исхрана, а во едно интервју открива што исфрли од своето мени.

„Често пати се прејадував. Јадев многу месо, сирење, леб... Јадев сè освен свинско месо и како што стареам не се чувствувам добро. Мојата сопруга се придржуваше кон многу диети, но на крај најмногу резултат имаше откако стана веган. Ѝ реков дека сакам да пробам и јас и не згрешив. 

Имав голем притисок, артритис, едноставно умирав. Веганството ми помогна да ги отстранам сите проблеми од мојот живот. Го сменив животот, не земам дрога и живеам поздраво“, вели Тајсон. 

53-годишниот поранешен боксер веќе извесен период повторно се дружи со ракавиците и најави дека наскоро ќе го видиме во рингот, но само на хуманитарни борби.