ВИДЕО: Како да беше во рингот со Тајсон – британски боксер за малку ќе останеше без уво

Стипен Смит, еден од најдобрите британски боксери во средна категорија синоќа во Лас Вегас му се спротистави на некогашниот светски шампион, Франческо Варгас, но мечот траеше кратко, бидејќи Смит за малку ќе останеше без своето лево уво. 

Борбата беше прекината, откако по серија удари на Варгас настрада увото на Британецот, па главниот судија мораше да реагира и да го прогласи Мексиканецот за победник. 

Дефинитивно оваа сцена љубителите на боксот ќе ги наврати на 1997 година, кога Мајк Тајсон го гризна за уво тогашниот голем ривал Ивандер Холифилд. 

Сликата од борбата го обиколи светот и ја покажа суровоста на благородната вештина.