Јузмески и Рустемовски поразени на стартот на „Златната ракавица на Војводина“

Двајца македонски боксери настапија во рингот на турнирот „Златна ракавица на Војводина“ во Суботица. Сепак, двајцата претрпеа порази и елиминирани се од натпреварувањето. 

Мартин Јузмески загуби со прекин во првата рунда од Натвеј Маковеј од Русија, додека Ардијан Рустемовски беше поразен на поени од Индиецот Ганга 0-3 (3 х 27-29).

Резултати:
-48 кг. Мартин Јузмески – Натвеј Маковеј (Русија) 0-3 ТКО Р1
-48 кг. Бајрам Мамутовски – Северџан Гаши (Србија)
-54 кг. Ардијан Рустемовски – Ганга (Индија) 0-3 (3 х 27-29)

На турнирот за младинци учествуваат во 48 боксери и 17 боксерки од Австрија, Хрватска, Унгарија, Индија, Македонија, Израел, Полска, Романија, Русија и Србија.