• Горан Упале
Антони Џошуа со нокаут во шестата рунда го победи Џејк Пол во боксерскиот спектакл во Мајами. Поранешниот светски шампион покажа дека е неспоредливо подобар боксер од Пол. Тој доминираше во текот на целиот меч, додека Американецот ја избегнуваше борба речиси цело време.
Откако го замори Пол, Џошуа му зададе силни удари во шестата рунда, по што Пол повеќе не можеше да ја продолжи борбата. Американецот заврши во болница, затоа што имаше скршенаца на вилицата. Тој објави и рендгенски снимки на својот Инстаграм.
„Дајте ми го Канело за десет дена“, напиша Џејк Пол со објава на Инстаграм, алудирајќи на одличниот боксер во средна категорија Саул Канело Алварез.
Пол сподели и вознемирувачко видео на кое се гледа неговата уста скршена по нокаутот.