ВИДЕО: Јавноста разочарана од егзибицијата, Мејведер не успеа да го нокаутира Пол

Мејведер

Флојд Мејведер и Логан Пол беа дел од боксерска егзибиција во Мајами, која заврши без победник. Тоа беше едно од правилата кое беше договорено пред борбата.

Непоразениот шампион постојано беше во офанзива, но не успеа да го нокаутира противникот. Пол заврши со повеќе удари од својот противник (217), но 44-годишниот шампион имаше далеку поголема ефикасност во своите обиди.

По борбата, Мејведер рече дека бил изненаден од квалитетот на ривалот, кој е на самите почетоци на својата боксерска кариера.

Борбата траеше осум рунди, од која и двајцата учесници се очекува да заработат милиони долари.