ВИДЕО: Јасин Љама го освои јубилејниот 50-ти „Златен гонг“

Нашиот боксер Јасин Љама е победник на 50-тото издание на „Златниот гонг“, кој во претходните два дена беше оддржан во малата сала во СЦ Борис Трајковски.

Љама во финалето во категоријата до 60 килограми со технички нокаут успеа го победи Романецот, Норберт Ваш, што според проценките беше доволно да го добие „Златниот гонг“, кој му се доделува на најдобриот боксер на турнирот.

  • Борбата на Јасин Љама и Норберт Ваш: 

Нашиот Алим Насуфи, во категоријата до 64 килограми, загуби во финалето од Шпетин Бајоку од Косово, додека Арсин Етеми  беше совладан од Албан Беќири од Албанија во категоријата до 75 килограми.

Најдобар македонски боксер е Алим Нсуфи, најборбен боксер е Албан Бекири од Албанија, најдобар техничар е Патриот Бехрами од Косово, а за најдобар странски боксе е избран Саша Миловац од Србија.

За најдобар тренер е избран Милан Пипрески од Србија, а најдобар судија е Петре Неделковски од Македонија.