Јасин Лама единствен македонски боксер на „Странџа“ во Софија

Еден од најдобрите македонски боксери, Јасин Лама ќе настапи на еден од најстарите и најсилните меѓународни бокс турнири во Европа „Странџа“ во Софиј.

Овој турнир во главниот град на Бугарија ќе се одржи по 71-ви пат, а најавена е силна конкуренција во сите тежински категории.

Лама е пријавен во категоријата до 63 килограми и во првата борба ќе се сретне со Норвежанецот Мартин Скогхем.

Овој турнир е прва активност на Лама, но и на македонскиот бокс во олимписката 2020 година.