Јаневски загуби во полуфиналето, Македонија со балкански медал по три децении

Македонскиот боксер Гоце Јанески загуби од косовскиот боксер Бесрат Пирева во полуфиналето на Балканското првенство во Анталија. Иако, победата можеше да му биде доделена и на нашиот боксер, сепак Јанески загуби и го освои бронзениот медал на Балканскиот шампионат.

По славните олимпијци Аце Русевски и Реџеп Реџеповски, Македонија во Јанески има медалист од Балканско првенство. Во категоријата до 75 килограми Јаневски се надмина себеси и можеби и ќе беше уште подобар да не беше повредата непосредно пред Балканското првенство.

На Балканското првенство учествуваа и Јасин Лама (-63 кг) и Арсим Етеми (-81 кг), но загубија во четвртфиналните борби.