ВИДЕО: Јанески со технички нокаут уште во првата рунда ги загуби олимписките надежи

Македонија веројатно ќе нема претставници во бокс на Летните Олимписки Игри во Токио, откако двајцата наши претставници во Олимписките квалификации загубија полесно од предвиденото. 

Гоце Јанески денес со технички нокдаун во првата рунда загуби од Шпанецот Етерна Квадрадо. Шпанецот лесно го испрати на подот нашиот Јанески, кој уште во првата рунда го заврши својот олимписки сон.

  • Борбата на Јаневски и Квадрадо во Лондон: 

Вчера и Јасин Љама беше поразен со технички нокдаун во втората рунда. Единствена опција Македонија да има олимписки претставник во бокс е добивање на вајлд-карта.