Јанески се повреди и нема да ја брани титулата на „Златен Гонг“

Гоце Јанески, најдобриот македонски боксер, сепак нема да биде во можност да го брани „Златниот Гонг“, кој го освои минатата година. Младиот боксер пред неколку седмици се здоби со незгодна повреда на раката на мечот Сесвете – Пинк Пантер во Загреб во рамките од 10. коло на Регионалната боксерска лига и поради тоа го откажа настапот на овогодишното издание на „Златен Гонг“, кое ќе се одржи овој викенд.

„Жали ме што Гоце Јанески не е во можност да го брани вредниот меѓународен трофеј пред домашната публика. Сепак, тој е млад боксер и пред него е иднината, затоа не сакаме да ризикуваме со неговото здравје. Гоце мора да биде подготвен во секоја смисла за врвните натпревари што го чекаат, тој е иднината на македонскиот бокс“, вели неговиот тренер Оливер Станков од БК Аперкат.

Исто така поради проблемите со повредата Јанески ќе го пропушти и двомечот меѓу репрезентацијата на Регионалната бокс лига и Италија на 18 ноември во Подгорица, Црна Гора.