Јанески и Лама ќе се борат за олимписка виза во март во Париз и Лондон

Најдобрите македонски боксери Јасин Лама и Гоце Јанески ќе учествуваат на квалификациските турнири во Париз и во Лондон за место на Олимписките игри во Токио оваа година. Оваа одлука ја верифицираше Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија на денешната седница.

За поквалитетни спаринг мечеви, Јанески и Лама ќе се подоготвуваат со репрезентацијата на Србија, која исто така ангажира тренер од Куба. За олимпискиот турнир, Европа дава педесет места на боксерскиот турнир. Квалификациите се закажани за март годинава, а одредени се осум машки и пет женски тежински категории.

Teжински категории (м):
Мува (48 кг до 52кг)
Перо (52 кг до 57 кг)
Лесна (57 кг до 63кг)
Велтер (63кг до 69кг)
Средна (69кг до 75кг)
Полутешка (75кг до 81кг)
Тешка (81 кг до 91 кг)
Супертешка (+ 91кг)

Тениски категории (ж):
Мува (48кг до 51кг)
Перо (54кг до 57кг)
Лесна (57кг до 60кг)
Велтер (64 кг до 69 кг)
Средна (69кг до 75кг)

Во машка конкуренција ќе се натпреваруваат 168 боксери, а кај девојките сто натпреварувачки.