Избегната трагедија: Изгоре бродот на Кличко, боксерот и семејството безбедни (ВИДЕО)

Култниот украински боксер Владимир Кличко имаше бурни денови за време на својот одмор во Мајорка. Боксерот со своето семејство и пријателите доживеал голема драма. Кличко бил на забава, кога бродот се запалил.

Огнот брзо се раширил, но крајбрежната стража реагирала и ги спасила гостите.

Кличко на социјалните мрежи го објасни непријатниот епилог на својот одмор. 

Шпанските власти ја испитуваат причината за пожарот и виновниците за истиот.