Италијанката која одби да боксува доби парична награда од ИБА

Меѓународната бокс асоцијација (ИБА) застана зад италијанската боксерка Анџела Карини, која се откажа од битката со Имане Келиф од Алжир поради мислењето дека се работи за биолошки маж. 

Карини беше елиминирана без борба во осминафиналето на Олимписките игри. Поради тоа, во нејзина одбрана застана ИБА, на чело со нејзиниот претседател Умар Кремљев. 

За откажувањето Карини ќе добие награда во висина од 50.000 долари од страна на ИБА. По 25.000 долари добиваат и италијанскиот сојуз, како и тренерот на боксерката.