• Саше Љолес
Македонскиот боксер Ален Рустемовски го оствари веројатно најголемиот успех во досегашната сениорска кариера, откако се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во Софија.
Нашиот боксер во четвртфиналето беше подобар од Ерменецот Базејан и обезбеди најмалку бронзен медал за себе и за нашата држава. Денешната пресметка ја доби на убедлив начин, со конечен резултат 4-1.
За Рустемовски продолжува одличниот настап на Европскиот шампионат, каде претходно славеше победа и над Англичанецот Вилијам Хјуит со конечни 4-1. На Европското првенство во Софија настапуваат околу 400 боксери и боксерки од 40 земји, што дополнително ја нагласува тежината на успехот на македонскиот претставник.
Изјавата на Рустемовски по победата во четвртфиналето, можете да ја погледнете ОВДЕ.